Во 1 Коринтјани, глава 13, многу јасно ни се опишува примерот за ’духовната љубов’. Таму се кажува за љубовта на Бога кој што го испратил Својот еден и еднороден Син за да го спаси човештвото коешто требало да умре поради своите гревови, и ни е опишана љубовта на Господа кој што толку многу не сакал, сé до степенот да бил спремен да ја заборави сета Своја небесна слава и да умре за нас на крстот. Ако сакаме да им ја предадеме оваа љубов Божја на безброј умирачки души во светот, тогаш ние мораме да ја сватиме оваа духовна љубов и да ја практикуваме. 3